Распишан тендер за втората фаза од реконструкцијата на Пионерскиот дом

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика е во потрага по фирма што ќе ги изведе градежните работи за санација на дел од објектот Пионерски дом во Куманово и негова пренамена во детска градинка.

Станува збор за втора фаза од проектот за пренамена на оваа градба во нова детска градинка, со која ќе се санираат простории од горниот кат на руинираниот објект. Градежните работи од оваа фаза ќе чинат околу 6,6 милиони денари и ќе траат 40 дена. Компаниите имаат рок до 22 јануари 2018 година за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка.

Пренамената на пионерскиот дом „29 Ноември“ започна да се реализира во текот на изминатово лето. Со првичната етапа се изведоа три нови занимални и една група на јасли, со капацитет да се примат 85 деца. Во првичната етапа беа инвестирани над 3,5 милиони денари, вклучувајќи го и опремувањето на градинката.

Првично објектот требаше да биде подготвен за употреба по локалните избори, за да подоцна тој рок биде продолжен за до крајот на 2017 година. Кога ќе заврши целосната реконструкција на објектот останува непознато.

Ивор: Билд.мк

Loading...