Путин: Западот поттикнува хаос за да ја задржи светската доминација

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е сигурен оти Западот намерно поттикнува хаос и ја влошува ситуацијата во светот за да ја задржи својата глобална доминација.

Loading...

„Потенцијалот за можни конфликти во светот расте, а тоа е директна последица на обидите на некои западни елити да ја зачуваат својата политичка, економска, финансиска, воена и идеолошка доминација по секоја цена“, рече Путин во видео обраќањето за време на средба со шефовите на воените одделенија на земјите членки на Шангај Организација за соработка (ШСО) и Заедницата на независни држави (ЗНД), пренесува ТАСС.

Путин, исто така, го обвини Западот дека ја искористува Украина и го користи нејзиниот народ како топовско месо во конфликтот против Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.