Путин тврди дека бил измамен, Ердоган вели дека е во право

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот во Загреб се согласи со тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека житото од Украина се доставува до богатите, наместо во сиромашните земји.

Loading...

Во средата Путин изјави дека житариците што се извезуваат според договорот потпишан со посредство на Турција и ОН не стигнуваат до најсиромашните земји, што е вистинската цел на тој договор.

„Путин е во право, житото оди кај богатите, а не во сиромашните земји, а нашата цел беше да обезбедиме испорака на жито до сиромашните“, рече Ердоган на прес-конференција за време на неговата посета на Загреб.

„Русија, додека продолжуваат санкциите против неа, не сака да се доставува жито до земјите што го санкционираат. Тоа му пречи на Путин“, додаде тој.

За да стигнат доволни количини во сиромашните земји, турскиот претседател смета дека треба што поскоро да се започне со испорака на жито од Русија.

Тој најави дека за ова ќе разговара со Путин на регионалниот самит во узбекистанскиот град Самарканд на крајот на септември.

Путин тврди дека бил измамен

На економскиот форум во Владивосток, Путин во средата рече дека Русија и земјите во развој биле „измамени“ во договорот за извоз на украинско жито и вети дека ќе ги поправи условите на договорот за да го ограничи бројот на земји кои можат да ги примаат тие пратки.

Во најстрогиот коментар досега за Договорот за извоз на жита од Украина, Путин предупреди на глобална прехранбена криза доколку не се реши проблемот и најави дека ќе стапи во контакт со Ердоган за да се договори како да се поправи договорот и да се ограничи бројот на земји кои можат да ги примат тие зрна.

Loading...

Податоците на ОН покажуваат дека повеќето од бродовите пристигнале во Турција со пратки со жито за Кина, Индија, Египет, Јемен, Сомалија и Џибути.

Договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа, потпишан во јули за да се избегне криза со храна, гарантира безбеден премин на бродовите од и кон Украина, со меѓународна инспекција за да се овозможи извоз на десетици милиони тони жито и ублажување на кризата со храна во светот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.