Путин официјализираше: Русија има четири нови региони!

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе припои четири окупирани украински региони кон Русија на церемонија во Големата палата Кремљ во 14 часот по средноевропско време.

Loading...

На почетокот на својот говор Путин окупираните региони ги нарече Новорусија.

– Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво сомневање. Денеска ќе ги потпишеме договорите за анексија. Ова е волја на милиони луѓе, Русија сега има четири нови региони – рече тој и додаде дека народот така одлучил.

– Нашите дедовци и прадедовци се бореа со неонацисти, ја бранеа оваа територија, се бореа за правото да зборуваат на својот јазик – рече Путин.

Путин зборуваше за луѓето кои ги бранеа окупираните територии и ги нарече херои. Тој повика на едноминутно молчење за загинатите во тие области.

– Никој не може да ја уништи нашата врска која се негува со децении – рече тој, зборувајќи за односот меѓу Русија и окупираните територии.

– Нема ништо посилно од волјата на луѓето во тие области да станат дел од Русија – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Не е исклучена тотална војна со НАТО

Тој исто така рече дека режимот во Киев се обидел да наметне омраза кон Русија врз луѓето на окупираните територии.

Loading...

– Нескршените жители на Херсон, Запорожје и Донбас рекоа не! – рече Путин.

– Го повикуваме режимот во Киев да го прекине огнот и да се врати на преговарачка маса. Но, нема да разговараме за одлуката на жителите на Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск – рече Путин и порача дека Киев мора да ја почитува „волјата на народот“.

– Ќе направиме се за да го обезбедиме животот на луѓето од овие области. Ќе ги искористиме сите можни ресурси – рече Путин.

– Овие луѓе ќе ја почувствуваат поддршката на цела Русија – додаде тој.

Путин го нарече конфликтот „хибридна војна“ меѓу Западот и Русија.

– Ним не им треба Русија, нам ни треба – рече тој.

– Сега Запад одлучува кој има право на нивните граници, а кој нема? – рече Путин и рече дека Западот „нема право да ги користи зборовите демократија и слобода“ бидејќи не ја поддржува одлуката на народот на Крим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателот на Азербејџан му честиташе на Путин

– Ова не е ништо ново, такви беа и порано – рече тој.

Loading...

Тој рече дека русофобијата се шири.

– Треба да го потсетиме Западот дека својата колонијална политика ја започнаа во средниот век. Уништија цели народи. Правдата е во слободата и вистината – рече тој.

– САД употребија нуклеарно оружје, Американците и Британците уништија многу германски градови без воена потреба, а сега сакаат да ја заплашат нашата земја и целиот свет – рече Путин.

Тој се осврна и на европските земји кои побараа и воведоа санкции кон Русија.

– Европската елита разбира се, но избра да молчи – рече тој и рече дека енергетската структура во Европа се уништува.

Путин рече дека Вашингтон и Токио сакаат да воспостават политички сојуз и дека НАТО сака да доминира со светот.

Тој рече дека САД сега имаат многу сојузници, но ако нешто не им одговара, ќе воведат санкции и на тие сојузници.

Тој исто така рече дека многу земји не се согласуваат со санкции, но избрале да соработуваат со Русија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин убедливо победи на изборите, што ја очекува Русија понатаму?

– Западот го заплашува целиот свет и мисли дека таквиот принцип секогаш ќе функционира – рече тој и го обвини Западот за „агресивна пропаганда“.

– Колку е полоша лагата, толку побрзо ќе ѝ се верува – рече тој.

– Затоа политичарите во Европа им порачуваат на својот народ да троши помалку вода и енергија. Европската елита не бара излез од кризата – рече тој

Путин го праша рускиот народ дали „сака да има „Родители 1“ и „Родител 2“ наместо мама и тато“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно најави дека Путин ќе ги потпише документите за анексија во присуство на лидерите на четирите региони назначени од Москва.

Путин на церемонијата ќе одржи говор, а вечерта е планиран концерт на Црвениот плоштад.

Loading...

Во четвртокот вечерта Путин потпиша декрет за признавање на Херсон и Запорожје како независни држави, што е предуслов регионите да поднесат барање за приклучување кон Руската Федерација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.