Путин и Лукашенко ја потврдија подготвеноста за соработка во борбата против тероризмот

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко, кој изрази сочувство во врска со терористичкиот напад на концертната сала „Крокус сити хол“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Песков за новинарите изјави дека Путин и Лукашенко ја потврдиле својата подготвеност да соработуваат во борбата против тероризмот, пренесе Тас, пренесува Танјуг.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во близина на Москва загинале 93 лица, соопшти Рускиот истражен комитет.