ПСЖ сака да го ангажира Дибала, а фудбалерот планира кариерата да ја продолжи во Англија

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да ги смени клубовите во текот на летниот преоден рок, пренесува „90min“.

Loading...

Според изворот, ПСЖ е сериозно заинтересиран за 27-годишниот Аргентинец, но самиот фудбалер сонува да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Не е прецизирано дали има некаков конкретен интерес од англиски клубови за фудбалерот.

Сезонава Дибала во Серија А одигра седум натпревари. Неговиот договор со Јувентус трае до летото 2022 година.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply