Прво огласување на сопругата на Болдвин по убиството на филмскиот сет

Сподели со своите пријатели

Сопругата на Алек Болдвин за прв пат се појави во јавноста откако актерот случајно ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на сетот и го рани режисерот Џоел Соуза.

Loading...

„Моето срце е со Халина. Нејзиниот сопруг. Нејзиниот син. Со нивното семејство и најблиските. И со мојот Алек. Се вели „без зборови“ затоа што е невозможно да се изрази шок и болка за таква трагична несреќа. Скршено срце. Загуба. Поддршка“, напиша Хилари Болдвин на Инстаграм.

 

 

Во коментарите ја поддржаа бројни познати личности.

Во нашите срца ги чуваме Халина, нејзиното семејство, Алек и неговото семејство“, напиша познатата американска новинарка Кејти Курик.

„Испраќам љубов на сите. Сите сте во мојот ум“, рече актерката Мелани Грифит.

Loading...

„Испраќам љубов“, додаде комичарката Рози Однел.

Во неделата, извор близок до семејството Болдвин за магазинот „Пипл“ изјави дека 63-годишниот актер бил „апсолутно скршен“ поради несреќа на снимањето и дека ги откажува сите проекти за да биде со семејството.

 

 

Хиларија Болдвин наводно го напуштила својот дом во Њујорк веднаш по пукањето, а подоцна биле видени нивните деца како заминуваат – веројатно за да им се придружат на нивните родители на засега непозната локација.

Да потсетиме, испукајќи куршум од реквизит, Алек Болдвин ја уби Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на филмски сет во четвртокот во Ново Мексико.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека за време на снимањето на „Рѓа“ биле застрелани две лица. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога куршумот од реквизитите бил испукан од продуцентот и актер Алек Болдвин (63)“, се вели во соопштението на полицијата.

Loading...

Холивудските експерти сметаат дека Болдвин направил голема грешка бидејќи го игнорирал златното правило за безбедност при ракување со оружје на сетот.