Се повлекува од јавноста? Болдвин не може да се помири со трагедијата!

Сподели со своите пријатели

Алек Болдвин (63) наводно ги откажува сите проекти на кои работи, бидејќи треба да се опорави од се што се случило, цитира People близок извор на актерот.

Loading...

– Сето ова му беше страшно тешко и психички го уништи. На овој начин и во минатото решаваше големи проблеми и мора да одвои време да го преживее сето она што се случуваше последните денови. Веројатно на некое време целосно ќе се повлече од јавноста – изјавил за новинарите пријателот на Алек.

– Сите знаат дека ова беше несреќа, но целосно го уништи. Со часови по несреќата бил хистеричен и апсолутно неутешен – тврди изворот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

 

Постојано протекуваат нови информации од сетот на филмот „Rust“.

Полициските документи поврзани со немилиот настан на снимањето на филмот наведуваат дека пиштолџијата Хана Гутиерез Рид оставила три пиштоли во количка на сетот, кои требало да служат како реквизити, додека помошникот режисер Дејв Холс еден од нив му го предал на Алек, и не знаел дека меѓу другото е исполнет со вистински куршуми.

Loading...

„Ладен пиштол“, викнала Холс на екипата додека започнало снимањето, а тоа значело дека пиштолот е безбеден за пукање за потребите на снимањето.

Само неколку секунди потоа, актерот испукал вистински куршум од пиштолот при што ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Дуза.

Од друга страна, имаше наводи дека членовите на тимот наводно си играле со пиштолот, пред да падне во рацете на Алек.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

 

Според TMZ, пиштолот наводно бил наполнет со вистински куршуми кога надвор од филмскиот сет, одредени членови на филмската екипа впериле и пукале кон целите.

Неколку извори поврзани со продукцијата на филмот рекоа дека тие го користеле пиштолот надвор од работното време – што може да објасни како вистинскиот куршум бил пронајден во пиштолот.

Loading...

– Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, на истиот простор пронашла вистински пиштол, но и чаури – тврди друг извор.

Треба да се потсети дека по трагедијата на снимање, Болдвин за прв пат ја извести јавноста на Твитер, велејќи дека соработува со полициската истрага и дека неговото срце е скршено поради немилиот настан.