Првата СМС порака во светот продадена за над 100.000 евра

Сподели со своите пријатели

Инженерот на Водафон Нил Папворт испратил СМС од својот компјутер на менаџер во Обединетото Кралство, кој ја добил на неговиот телефон Орбител тежок два килограми – слично на десктоп телефон.

Loading...

Првата СМС порака некогаш испратена со натпис „Среќен Божиќ“ е продадена за 107.000 евра (121.000 долари) во аукциската куќа во Париз, јавуваат медиумите.

Пораката, која била испратена на 3 декември 1992 година, беше ставена на аукција од британска телекомуникациска компанија.

Продажбата на нематеријални добра не е легална во Франција, па аукциската куќа ја завиткала СМС пораката во дигитална рамка, на која е прикажан кодот и протоколот за комуникација.

Купувачот ќе добие реплика на оригиналниот протокол за комуникација со кој е испратена СМС пораката, а приходот ќе оди во Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).