Прв пат убил на 13-годишна возраст, а зад себе сега има 71 жртва (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Педро Родригес Филхо од себе направил бразилски сериски убиец ликвидирајќи други сериски убијци. Аналитичарите кои го следиле неговиот случај велат дека е совршен пример на психопат.

Роден е на фармата Санта Рита До Сапуцаи со повреден череп. Тоа е резултат на ќотекот кој неговата мајка го добивала од својот маж додека била бремена.

„Жена без лице“ – најмистериозниот убиец во Европа

Тој истакнал дека неговата прва желба за убиство се родила кога имал 13 години. При броба со постариот роднина, го турнал момчето во преса за шеќерна трска, од што момчето починало.

Веќе на 14 години било јасно дека Педро нема да биде како останатите деца.

Кога имал 14 години го убил Минас Гераис кој го обвинил неговиот татко, кој работел како чувар во училиште, затоа што наводно крадел храна. Потоа убил и друг стражар, кој наводно бил вистински крадец.

Бизарен култ одговорен за најголемите масовни самоубиства: “Рајската порта” и денес регрутира луѓе (фото+видео)

Потоа морал да живее во бегство и за тоа време започнал серија убиства на обични провалници и дилери на дрога.

Во тоа време пронашол и љубов, но неговата среќа не траела долго. неговата Мариа Аперацида Олимпиа исто така е убиена, а  за сето тоа се одговорни членови не една локална банда. Сето тоа се случило уште пред тој да наполни 18 години.

До 18 роденден, Педро веќе имал убиено 10 луѓе. Своите тинејџерски денови ги минувал барајќи и осветувајќи се на членовите на бандата кои ја одзеле љубовта на неговиот живот.

Кога таткото на Педро брутално ја убил неговата мајка со мачета. Педро на таткото му возвратил посетувајќи го во затвор каде го избол до смрт.

Го извадил срцето на татко му и започнал да го џвака. Сетоа ова го крунисал и со убивање на силувач со кој го транспортирале во затвор. Околу 47 други затвореници починале од неговата рака во бразилскиот затвор.

Зошто сите масовни убијци имаат иста фризура и морничав поглед?

Филхо прв пат бил приведен во 1973 година кога е и осуден. Во затворот убил најмалку четири лица. Подоцна признал дека имал преку 100 жртви.

Меѓутоа, официјално е потврдено дека убил вкупно 71 лице, вклучително и својот татко.

Во 2003. година осуден е на 128 години затвор, но според локалниот закон Педро можел да биде задржан во затвор 30 години. Пуштен е во 2007. година, и покрај тоа што бројот на крвопролевања кои ги направил е непресметлив.

По ослободувањето не губел време туку се вратил на својот ста модел на однесување. И натаму ветува дека ќе ги убива оние бразилски криминалци, кои ќе ја имаат таа несреќа да му застанат на патот.

Leave a Reply