Пропагандистот на Путин: Ќе создадеме голем руски дом, ќе се прошириме во Полска и на Балканот

Сподели со своите пријатели

Руската државна телевизија разговараше за планираната руска стратегија за наредните децении.

Loading...

Нивните експерти, заедно со изјавите дека украинскиот јазик не постои, предвидуваа дека Русија ќе ги припои соседните земји во „еден голем руски дом“, со евентуално проширување на Балканот и Полска.

„Сега, од една страна, многумина имаат причина да очајуваат, но ако ги погледнете работите од друга перспектива, Русија победнички се бори против повеќе од милијарда западњаци. Во текот на оваа година, Западот не беше во можност да ја надмине Русија. Просечен Русин ќе се согласи со мене – имаме топла вода, храна, работа, градскиот превоз работи. Нашата економија се реконструира“, изјави филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Русија 1“.

„Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Украинскиот јазик не постои“

„Всушност, станува збор за победа на Русија. Нема изолација за нас, особено сега кога ни се приклучи Кина. Ни се придружија и Индија, Југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. Нема изолација бидејќи ние сме победници во оваа голема специјална операција“, додаде тој.

„Јас сум филолог. Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Украинскиот јазик не постои. Има само украински дијалект. Ви требаат две недели да го изучите овој дијалект. Во суштина, зошто Западот толку се плаши од нас? пред Москва, а ако Западот не направи ништо, за 10, 15 или 20 години ќе ја вратиме целата територија“, рече Вавилов.

„Во Источна Европа ќе се појави водечка нација“

„Ќе им се придружиме на сите оние нации кои тврдат дека се независни во еден голем руски дом. Што значи тоа? Во Европа со 500 милиони жители, ќе има колектив од 200 милиони луѓе кои зборуваат руски, кои можат мирно да полагаат право на Балканот, Полска и така натаму“, изјави рускиот филолог.

„Има 80 милиони Германци, вклучително Пакистанци, Турци и Арапи. Има 60 милиони Англичани, вклучително и Пакистанци и други. Ќе се појави водечка нација во Источна Европа. Западот нема да може да направи ништо“, додаде тој.

„За 10 до 15 години ќе се појави огромна заедница. Што значи тоа? Тоа значи дека ќе го фрлиме оделото старо 20 или 30 години, истрошеното одело на глобализмот. Треба да го замениме со нова идеологија, нов светоглед, нови општествени и политички структури“, заклучи Вавилов.

Loading...

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.