Променливо облачно и постудено, попладне снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови.

Loading...

Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за слаби врнежи од дожд.

Ќе дува слаб ветер од источен правец, а максималната дневна температура ќе достигне само еден степен во позитива.

Никола Ивановски

Leave a Reply