Продолжуваат протестите во ЕУ: Земјоделците ја блокираа Атина

Сподели со своите пријатели

Најголемиот протест на земјоделците во поновата историја на Грција се одржа вчера во Атина.

Loading...

Илјадници земјоделци ги возеле своите трактори низ улиците на главниот град, запирајќи го сообраќајот, особено пред Собранието, јавува VoA.

Земјоделците се жалат на зголемените трошоци за производство, но државата вели дека нема дополнителни пари да издвои за да ги задоволи нивните финансиски барања.

Додека некои извикуваа слогани и палеа факели, други вееја црни знамиња, влечеа ковчези низ улицата и закачуваа погребни венци на своите возила.

Сето ова е направено за, велат тие, да се илустрира маката на нивната индустрија која умира.

Еден земјоделец возел 14 часа за да учествува на протестот.

Тој изјави дека цените на производството се во пораст и дека додека земјоделците ги продаваат своите производи по ниски цени, тие завршуваат во супермаркетите каде што се продаваат по три до четири пати поголема од основната цена.

Полицијата соопшти дека најмалку 6.000 земјоделци и околу 200 трактори учествувале на протестот во грчката престолнина.

Loading...

Земјоделците и сточарите го изразија своето големо незадоволство поради тоа што се уште не добиле отштета за сточниот фонд и родот загубен при големите поплави минатата година.

Премиерот Мицотакис рече дека земјоделците минуваат низ тежок период и одобри некои отстапки меѓу кои и голем попуст на струја и гориво.

Државата не може повеќе од тоа. Буџетските ограничувања не дозволуваат дополнителна помош.

Земјоделците собрани во Атина велат дека се подготвени да останат додека не се исполнат нивните барања.