Продолжен договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море

Сподели со своите пријатели

Украинското Министерство за инфраструктура соопшти дека е постигнат договор за продолжување на иницијативата за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море за 120 дена.

Loading...

„Оваа одлука штотуку беше донесена во Истанбул. Обединетите нации и Турција остануваат гаранти на иницијативата“, се вели во соопштението за печатот.

Првичниот договор постигнат во јули помогна да се избегне глобална прехранбена криза со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното Море блокирани од Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.