Приведено лице осомничено за неколку кражби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишен жител на селото Младо Нагоричане биле приведен откако бил затекнат додека врши кражба од угостителски објект во Куманово.

Loading...

– На 17.05.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Б.(55) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од поранешен угостителски објект во населба Карпош во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој се сомничи дека изминатиов месец извршил три кражби при што одзел предмети и пари.

З.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Никола Ивановски