Приведени уште две лица за пукањето и грабеж во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица, државјани на Косово, биле приведени викендов во врска со случајот на разбојништво кога беше пукано и ограбена торба со пари во Куманово.

Loading...

Како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, лицата биле државјани на Косово, а ги привеле граничарите на ГП „Блаце“.

– На 24.03.2024 во 21.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце на влез во државата, полициски службеници ги привеле Ш.Б.(32) и К.Д.(26) двајцата од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Ш.Б. евидирал по барање на СВР Куманово, а во врска со кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Разбојништвото се случи доцна попладне на 15ти март, кога „ренџ ровер“ првин удрил во “ауди“ на 63-годишен кумановец, потоа пукале кон него и му украле торба со пари. По кражбата, го запалиле возилото со кое дошло и избегале.

Претходно за истиот случај беа приведени уште две лица од скопското село Буковиќ.

Никола Ивановски