Пукано кон возило во Куманово, ограбено па запалено (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вистинска драма се случувала вечерва во Куманово откако било пукано во возило, украдена торба со пари, а потоа и запалено.

Loading...

– На 15.03. 2024 година во 20.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов” во Куманово патничко моторно возило „ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат” со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С.(63) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата,  неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат”  и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило „ренџ ровер”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласаа во првите два часа во Липково?

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски