Приведени кумановци поради оштетување полициско возило и агресивно однесување

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера откако едниот се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници на должност, а вториот оштетил полициско возило.

Loading...

– На 13.09.2022, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле и извршиле службен разговор со И.Р.(45) и С.Р.(48), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, во 08.40 часот на улица „11-ти Октомври“ во Куманово И.Р. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека С.Р. оштетил службено полициско возило.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Никола Ивановски