Триесет и едногодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека со тврд предмет оштетил прозорци на куќа на сограѓанин.
Loading...
– На 30.06.2025 година во 19.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К. (31) од Куманово, затоа што со тврд предмет извршил оштетување на прозорци од куќа на Е.К.(41), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски