Приведени двајца кумановци со амфетамин

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера откако полицијата им пронашла и одзела амефатмин.

Loading...

– На 27. 04.2023 на улица „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Ј.(43) и С.С.(45), двајцата од Куманово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен амфетамин, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски