Приведена кумановка која возела во спротивна лента на булевар

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишна кумановка била приведена откако полицијата ја забележала како вози во спротивна лента на булевар.

– На 30.04.2026 во 11:15 часот, на булевар „Трета македонска ударна бригада” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.Ј.(33) од   Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа управувала патничко моторно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки во спротивна лента на булеварот.

– По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски