Приведен липковец за издржување затворска казна од над осум години

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишник од липковското село Оризаре бил приведен викендов за издржување казна затвор од осум години и четири месеци.

Loading...

– На 16.04.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(37) од село Оризаре, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, „неовластено изработување , држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 и „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски