Кумановец ги нападнал сопругата и двете малолетни деца

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ги нападнал сопругата и двете малолетни деца.

– На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 31 годишна сопруга и двете малолетни деца, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена кумановка која возела во спротивна лента на булевар