Кумановец ја нападнал 28-годишната ќерка, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал својата ќерка.

– На 01.05.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д. (57) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена кумановка која возела во спротивна лента на булевар