Приведен кумановец осомничен за кражба

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец осомничен за кражба бил приведен вчеравечер од полицијата.

Loading...

– На 15.03.2022 во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.В.(40) од Куманово. Тој се сомничи дека истиот ден околу 22.00 часот одзел  предмети пред влез на стан на ул.„11- ти Октомври“ во Куманово, сопственост на А.Д.(42) од с.Слупчане, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот  против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски