Приведен кумановец кој ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишник од Куманово бил приведен по пријава дека подолг период ја следел и вознемирувал поранешната партнерка.

– На 20.04.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(34) од село Романовце, кумановско, затоа што подолг временски период ја следел и вознемирувал неговата 27-годишна поранешна партнерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува реконструкцијата на „Моша Пијаде“, се отстранува асфалтот (ФОТО)