Приведен крадец од кумановско

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен денеска под сомнение дека сторил кривично дело кражба.

Loading...

– Денеска (24.01.2023) во 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека од приватен имот во село Костурник, кумановско, одзел повеќе предмети.

Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски