Приведен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец осомничен дека извршил кражба во станбен објект бил приведен во текот на вчерашниот ден.

Loading...

– На 09.05.2022 година во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.В. (40) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека  претходниот ден извршил кражба во станбен објект на улицата „Народна револуција“.

И.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

Никола Ивановски