Приведен 48-годишен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишник од Куманово бил приведен под сомнение дека украл повеќе предмети од куќа.

Loading...

– На 20.12.2023 во 11.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.А.(48) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улица „Никола Вапцаров“ и одзел повеќе предмети.

Р.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор