Приведен 34-годишен крадец во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека извршил кражба на приватен имот во Куманово.

Loading...

– На 08.05.2023 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ш.(34) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочува полицијата, тој се сомничи дека влегол во приватен имот на улицата „Видое Смилевски Бато“ и одзел повеќе предмети.

М.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски