Приведен 28-годишен кумановец кој возел со 1,73 прoмили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен возач од Куманово викендов бил приведен откако му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта.

Loading...

– На 18.05.2025 во 01.41 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.И. (28) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај констатирано е дека управувал патничко возило „форд“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.73 промили алкоохл во крвта.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден кумановец, откако паднал од четирицикл

Никола Ивановски