Приведен 25-годишник од Куманово поради кражба

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер под сомнение дека украл предмети од приватен имот.

Loading...

– На 17.12.2023 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(25) од Куманово поради сомнение дека на улицата „Средорек“ во Куманово од приватен имот одзел предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?