Пригожин вели дека држи воени објекти во Ростов, бара војската да не му пружа отпор

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската приватна паравоена формација „Вагнер“ Евгениј Пригожин утрово изјави дека неговите сили контролураат воени објекти во Ростов на Дон, вклучувајќи го и аеродромот, пренесува АП, пренесува Танјуг.

Loading...

Тој ја повика и руската армија да не му пружа отпор бидејќи, како што рече, „ова не е воен удар, туку марш на правдата“.

Пригожин преку видео објави дека тој и неговите војници влегле во Ростов на Дон, каде што се наоѓа рускиот воен штаб кој ги надгледува борбите во Украина.

Други видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат воени возила, вклучително и тенкови, на улиците на градот.

Пригожин прецизираше дека неговите сили преминале во Русија од Украина и стигнале до Ростов.

Тој рече дека „вагнерите“ не се соочиле со отпор од младите регрути на контролните пунктови и додаде дека неговите сили „не се борат против децата“.

„Но, ќе го уништиме секој што ќе ни застане на патот. Ќе одиме до крај“, рече тој во една од серијата жестоки видео и аудио снимки објавени на социјалните мрежи почнувајќи од петокот вечерта.

Пригожин, исто така, тврдеше дека началникот на Генералштабот, генерал Валериј Герасимов, им наредил на воените авиони да ги гаѓаат конвоите „вагнер“, кои се движеле покрај обичните возила.

Loading...

Тој исто така рече дека неговите сили собориле руски воен хеликоптер кој пукал врз цивилен конвој, но нема независна потврда, додава АП.

Пригожин изјавил дека полските кампови „Вагнер“ во Украина биле погодени со ракети, хеликоптери и артилериски оган по наредба на Герасимов, по средбата во Ростов со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, на која одлучиле да ја уништат таа паравоена формација.

Пригожин рекол и дека под негова команда има 25.000 војници и дека ќе го „казни“ Шојгу.

Во исто време, шефот на „Вагнер“ ја повика армијата да не дава отпор: „Ова не е воен удар, туку марш на правдата“.

Силите на „вагнер“ одиграа клучна улога во руската војна во Украина, успевајќи да го заземат Бахмут, каде што се водеа најкрвавите и најдолгите битки.

Но, Пригожин сè повеќе ја критикуваше руската армија, обвинувајќи ја за неспособност и дека не испраќа доволно оружје и муниција.

АП наведува дека Кремљ сериозно ја сфатил заканата на Пригожин, бидејќи безбедноста била зголемена во Москва и во Ростов на Дон, но веднаш не е јасно како успеал да влезе во јужниот руски град или колку војници имал со себе.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...