Претседателот на Бразил подготвен да ги седне Зеленски и Путин на преговарачка маса

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Бразил, Лула да Силва, изјави дека е подготвен да дејствува како посредник меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, доколку е потребно, пренесува ТАСС.

Loading...

„Ако можам да помогнам, ќе помогнам. Ако е неопходно да бидам посредник во мировните преговори меѓу Путин и Зеленски, нема проблем“, рече Лула во понеделникот на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Претседателот на Бразил рече дека е неопходно „да се соберат луѓе кои ќе бидат почитувани на преговарачката маса поради нивното влијание и да се вклучат“ во преговарачкиот процес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Лула да Силва предложи мировните преговори за Украина да се одржат во широк меѓународен формат кој потсетува на групата Г20.

Бразилскиот претседател рече дека за овој предлог веќе разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој изјави дека овој предлог ќе го спомене кога ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден во февруари и со кинескиот претседател Си Џинпинг во март.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.