Претседателот на Австрија прежива потрес на мозокот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, доживеал помал потрес на мозокот при прошетка во паркот на природата, објавено е на официјалниот профил на претседателот на Твитер.

Loading...

Тој се лизнал вчера попладне во австрискиот планински природен парк Каунеграт и се здобил со полесен потрес на мозокот и гребаници.

Неговото обезбедување од специјалната полициска единица Кобра го однело во најблиската болница.

Ван дер Белен превентивно ја минал ноќта во болница, следејќи ги советите на лекарот и го откажа учеството на Европскиот форум Алпбах за денеска и утре.