Претседателката на Тајван најави патување со престој во САД, Кина остро се противи

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека оваа земја остро се спротивставува на планираната посета на тајванската претседателка Цаи Инг-вен на САД, на пат кон земјите од Централна Америка.

Loading...

Пекинг упати силен протест до Вашингтон преку дипломатски канали, додава кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Портпаролката на кабинетот на тајванскиот претседател најави претходно дека претседателот Цаи Инг-вен ќе ги посети Гватемала и Белизе на 29 март, преку Њујорк и Лос Анџелес.

Извори на Ројтерс велат дека претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, планира да се сретне со Цаи Инг-вен во Калифорнија, но Тајпеј сѐ уште не ја потврдил оваа информација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп заѕвони за отворањето на Њујоршката берза и на толпата вети економски бум

Кина претходно соопшти дека е „сериозно загрижена“ за посетата.

Висок функционер во Вашингтон рече дека тоа е стандардна практика и дека секој претседател на Тајван веќе патувал низ САД, како и самата Цаи Инг-вен, шест пати досега.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.