Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Сподели со своите пријатели

Наркотици и дигитална вага пронашла полиција при претрес на домот на триесет и четиригодишен кумановец.

Loading...

– На 10.01.2023 во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Д.(34) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?