Претрес во Куманово, пронајден кокаин

Сподели со своите пријатели

Во дом на триесет и тригодишен кумановец полицијата вчера пронашла кокаин, по што лицето било приведено.

Loading...

– Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Куманово.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што се додава во соопштението, Ф.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор