Претпазливо движење покрај реките и суводолиците, порача УХМР, по растот на водостоите

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие пообилни врнежи имаше во западните делови од земјата, додека во источните беа изразено послаби.

Loading...

Според податоците од хидролошките станици, најголемо зголемување на водостојот имаше на р.Радика и р.Сатеска, каде водостојот постепено се зголемуваше во текот на ноќта и утрово.

Помало зголемување на водостојот имаше и на р.Маздрача (Неготинска), р.Боговињска и р. Бистрица, каде врнежите во високите делови од сливовите беа во вид на снег.

Исто така, понезначително зголемување на водостојот регистриран е и на р.Треска, р.Лепенец и на р.Црна.

Во текот на денешниот ден повторно пообилни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, така што се очекува понатамошно зголемување на водостоите во тие делови. Значително висок ќе биде водостојот на р.Радика и р.Сатеска во чии сливови можни се локални излевања.

Посочуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците посебно во овие сливни подрачја, како и на останатите во западните делови од земјата.

Интегрално соопштение: УХМР

Leave a Reply