Пред и по јадењето треба да ги миеме рацете, но што за тоа вели статистиката?

Сподели со своите пријатели

Поради епидемијата на коронавирус, Светската здравствена организација советува дека едноставниот чин на миење раце – особено по одење во тоалет, пред јадење или допирање на лицето – е најважниот фактор во борбата против ширењето на болеста.

Loading...

Но, некои статистики велат дека не сите Европејци се придржуваат кон овие хигиенски навики.

10 земји во кои можете да патувате без страв од коронавирусот

Европа се подготвува за појава на епидемија на коронавирус, бидејќи неколку земји веќе потврдија премногу случаи.

Австрија, Хрватска, Грција и Швајцарија објавија нови случаи кои претежно патувале во Италија. Ова е причината зошто се повеќе се прашува колку е веројатно луѓето да ги мијат рацете.

За време на ноќното излегување во градот, во многу делови на Европа, вообичаено е да се видат луѓе како излегуваат од тоалетот без претходно да ги измијат рацете.

Сите митови и заблуди за коронавирусот

Според истражувањето во 2015 година спроведено од Меѓународниот институт Галуп, спротивно на очекувањата, откриено е дека рацете ги миеле помалку во поразвиените средини.

Loading...

На пример, само половина од луѓето во Холандија мијат рацете со сапун и вода после употреба на тоалетот, споредено со 96 проценти од луѓето во Босна и Херцеговина.

Во друштво на оние кои најмногу внимаваат на хигиената се Молдавците, Португалците и Турците.

Можат ли миленичињата да се заразат со коронавирус и што можеме ние да направиме?

Изненадувачки е што многу Европејци не ги мијат рацете веднаш по посетата на тоалетот, а најлоша е ситуацијата во Италија, потоа Шпанија, Холандија, Русија и Франција.


Leave a Reply