Пред 11 години го одбила, а сега му кажа судбоносно ДА: Запросување на Олипмиските игри во живо (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Запросувања се прелеваат во Токио. По германскиот фудбалер, кој го доби посакуваното да, аргентинскиот тренер исто така реши да ја „испроба среќата“ во Токио. Лукас Гиљермо Сауседо е тренер за мечување, а тој ја запроси својата девојка Марија Белен Перез Морис во програма во живо, емитувана на аргентинската телевизија.

Loading...

Марија загуби на првиот дуел на Олимписките игри во Токио, но тоа брзо го заборави и го преболе по големото изненадување што и го приреди нејзиниот избраник, сега и вереник.

 

 

Она што на приказната и дава посебен „допир“ е фактот што Марија ја одбила понудата за брак пред 11 години, но Сауседо не се откажал и чекал повеќе од една деценија за повторно да и постави судбоносно прашање.

Марија Белен Перез Морис даваше изјава за медиумите кога Саузедо се појави веднаш зад неа, држејќи чаршав со натпис: Дали ќе се омажиш за мене? Те молам.

 

Loading...

 

За разлика од пред 11 години, овој пат одговорот на Марија беше позитивен, а коментарите, лајковите и честитките само навлегуваат, а сите особено му се восхитуваат на храброста и упорноста на Лукас Гиљермо.

 

 

 

Leave a Reply