Пребрзо возење, пијани возачи… СВР Куманово викендов напиша 114 казни

Сподели со своите пријатели

Вкупно 114 казни биле изречени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето СВР Куманово изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, информираат од кумановската полиција.

Засилените акциски контроли, како што посочуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски