Православните верници вечерва слават Стара Нова година

Сподели со своите пријатели

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година.

Loading...

Старата година  ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Ваквата традиција сеуште се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим.

Се чествува и Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата.

Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.