Повторно гореше кај Кокино и Жељувино, пожарите изгаснати

Сподели со своите пријатели

Пожарите кои избувнаа на Илинден во селата Кокино и Жељувино во општината Старо Нагоричане, вчера повторно се активирале, стои во денешниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во Кокино вчера се активирал веќе изгаснатиот пожар при што горела сува трева и нискостеблеста деградирана шума. Во гаснењето учествувале тројца пожарникари од Куманово и двајца од Старо Нагоричане.

На потегот Жељувино – Дренак вчера повторно се активирал пожарот кој претходно беше изгаснат. Околу 15 часот на терен отишла екипа од тројца пожарникари на ТППЕ Куманово, како и четворица пожарникари од Старо Нагоричане, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и неколку мештани успеале да го изгаснат огнот околу 20 минути по полноќ.

Кумановските пожарникари вчера интервенција имале и во близина на ЈП „Македонски шуми“ – Куманово каде горела сува трева. Тројца пожарникари го гаснеле огинот во период од 13:55 до 17:00 часот.

Во овој момент нема активни пожари.

Никола Ивановски

Leave a Reply