Последен ден за 1,7 милиони авганистански бегалци да го напуштат Пакистан

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 10.000 авганистански мигранти се упатиле кон границата во вторникот, последниот ден од крајниот рок за 1,7 милиони Авганистанци доброволно да го напуштат Пакистан или ќе се соочат со апсење и депортација, пренесува АФП.

Loading...

Владата најави дека почнувајќи од среда, ќе започне со апсење Авганистанци без документи и нивно носење во нови притворни центри, каде што ќе бидат процесуирани и насилно вратени во Авганистан.

Талибанската влада во Кабул вели дека политиката е еднаква на „малтретирање“.

„Илјадници авганистански бегалци го чекаат својот ред во возила и камиони, а бројот сè уште расте“, изјави за АФП Иршад Мохманд, висок владин претставник на границата Торкам.

– Од утрото се собраа повеќе од 10.000 бегалци – додаде тој.

Повеќе од 100.000 авганистански мигранти избегаа од Пакистан од почетокот на октомври, кога владата објави дека 1,7 милиони Авганистанци за кои вели дека живеат илегално во Пакистан имаат еден месец да заминат.