Порталот Журнал јавува за вооружени групи во Карадак

Сподели со своите пријатели

Вооружени групи  продолжуваат да се собираат во селата во липковскиот регион, јавува албанскиот портал Журнал.

Loading...

Според Журнал, вооружените групи се движат во планините карадачкиот регион. Неофицијално, овие луѓе се подготвуваат да извршат напади, далеку посериозни отколку инцидентот што неодамна се случи во Гошинце.

Македонската полиција ниту го потврдува ниту го негира присуството на групите.

Како што пишува албанскиот портал, селаните од Карадачкиот регион не бараат некој да доаѓа отстрана и да се бори во нивно име, бидејќи тие се уште ги немаат залечено раните од 2001. Според селаните од липковскиот крај, секој оној кој ќе се обиде да им наштети на интересите на жителите од тој крај, нема да наиде на поддршка од селаните.

 

 

Leave a Reply