Поранешниот градоначаник на Куманово и инспектори добија кривични пријави

Сподели со своите пријатели

Кривични пријави Секторот за внатрешни работи поднесе против поранешниот градоначалник на Општина Куманово, градежен инскектор и раководител на Сектор за инспекциски надзор во општината.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (67) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, В.Л. (64) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“ во врска со „продолжено кривично дело“ и против З.Д. (64) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавената – овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово, постапувајќи по Пријава за узурпација на државен имот, при вршењето на инспекцискиот надзор, иако забележала и знаела дека 10 лица-сопственици на имоти во Куманово кои во период од 2015 до 2017 година имаат узурпирано државно земјиште во вкупна површина од 1.156 м², не извршила инспекциски надзор кај сите 10 и притоа не ја констатирала реалната состојба.

Второпријавената – Раководител на Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при општина Куманово и непосредено претпоставено службено лице на првопријавената, пропуштила должен надзор и несовесно постапила во вршењето на своите службени овластувања и должности.

– Иако била запознаена и свесна за погоре наведената состојба, не презела никакви мерки за административно извршување на донесените правосилни и извршни акти, велат од полицијата.

Третопријавениот, вршејќи работи од јавен интерес и должност како Градоначалник на општина Куманово, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, при што не постапил по Решение донесено од Управен инспектор од Куманово при Државниот управен инспекторат со кое што бил лично задолжен да преземе мерки и дејствија, со што им овозможил на лицата и понатаму противправно да го користат државното земјиште, со што нанел штета на имотот на Р.С. Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply