Попладне нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и се уште натпросечно топло, претпладне со повеќе сончеви периоди.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува нестабилност проследена со грмежи и краткотраен пороен дожд.

Максималната дневна температура во кумановско ќе достигне 29 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply