Полска испраќа војска на исток од земјата

Сподели со своите пријатели

Полска одлучи да ги премести воените формации од запад кон исток на земјата поради потенцијалната закана од присуството на платеници од руската група Вагнер во соседна Белорусија, објави државната новинска агенција ПАП, повикувајќи се на секретарот на Комитетот за безбедност на земјата.

Loading...

„Обуката или заедничките вежби меѓу белоруската армија и групата на Вагнер несомнено се провокација“, ја цитира ПАП изјавата на Збигњев Хофман.

За потсетување, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, беше прикажан на видео во средата како ги пречекува своите борци во Белорусија.

Тој им вели дека засега нема да учествуваат во војната во Украина, но им наредува да се подготват за Африка додека ја обучуваат белоруската војска.

Вчера, пак, белоруското Министерство за одбрана соопшти дека платеници од Вагнер почнале да ги обучуваат белоруските специјални сили на воен полигон на неколку километри од границата со Полска, членка на НАТО.

„Обуката или заедничките вежби на белоруската армија и групата Вагнер несомнено се провокација“, изјави Збигњев Хофман за ПАП.

Луѓето долж границата слушнале истрели и хеликоптери

„Комитетот ги анализираше можните закани, како што е преместувањето на единиците на групата Вагнер. Затоа, министерот за национална одбрана, претседателот на Комитетот, Мариуш Блашчак, одлучи да ги премести нашите воени формации од запад кон исток на Полска“, додаде тој.

Жителите во близина на полската граница со Белорусија вчера изјавија дека можеле да слушнат истрели и хеликоптери откако групата на Вагнер пристигнала да ги обучува белоруските специјални сили, што ги зголеми стравувањата дека војната во Украина би можела да допре до нив.

Loading...

На почетокот на јули, Полска објави дека ќе испрати 500 полицајци за зајакнување на безбедноста на границата со Белорусија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.