Полска и Украина денеска ќе ги продолжат преговорите за транзит на украинско жито

Сподели со своите пријатели

Полска и Украина денеска ќе ги продолжат преговорите за да се обидат повторно да го отворат транзитот на земјоделски производи и житарки во европските земји, изјави полскиот министер за земјоделство Роберт Телус.

Loading...

Телус за државното радио ПР1 изјави дека полските претставници разговараат со претставници на ЕУ и Украина за да најдат решение за ситуацијата.

Полскиот министер рече дека во понеделник имало долги разговори на оваа тема и дека ќе продолжат и денеска со цел да се најде решение за транзит на украинско жито и земјоделски производи преку Полска до европските земји, пренесе Ројтерс.

Претставниците на Полска и Украина во понеделникот разговараа за забраните на централните власти на источноевропските земји за увоз на украинско жито, кое тие сакаат да ги заштитат нивните земјоделци од влијанието на приливот на поевтино украинско жито.

Забраната ја воведоа Полска, Унгарија и Словачка, а Бугарија најави дека размислува за воведување на забраната.